Утрински Весник
Македонија

За три до четири недели треба да заврши реконструкцијата на одделението за физикална терапија во кочанската болница

Bolnica kocani.png

Прашана во вечерашното интервју во Дневникот на ТВ Сител дали болницата располага со потребните креми и препарати за кои дел од пацинетите изминатиот период сведочеа дека мораат да ги набавуваат на свој трошок од странство, Паниќ-Мирчовска кажа дека силиконските лепенки се стигнати во земјава, а во текот на следната недела треба да ги добијат во болницата. До среда, како што кажа таа, треба да стигне и поголема пратка на креми за одржување на влажност на кожата.

Во врска со проектот за центарот во Пониква таа кажа дека неговата намена ќе биде за психосоцијална поддршка на повредените.


Реконструкцијата на одделот за физикална медицина и терапија во кочанската болница каде третман добиваат десетици повредени од пожарот во т.н. кабаре „Пулс“, според очекувањата на в.д. директорката на болницата Катерина Паниќ-Мирчовска треба да биде завршена за три до четири недели.

Реконструкцијата започна поради лошата состојба во која се наоѓа објектот што не одговара за третманот на повредните од пожарот во Кочани.

„Во однос на реконструкцијата, таа е веќе започната од петокот, во делот на физикална терапија кој е со површина од 350 квадратни метри. Се одлучивме да почне од физикална терапија бидејќи е најнеопходна. Во текот на следната недела ќе се работи на прозориците, водоводната инсталација, електричната мрежа, а потоа на ѕидовите и подовите. Се очекува некаде за три до четири недели да биде финализирано одделението за физикална медицина и рехабилитација“, вели Паниќ-Мирчовска.

Во меѓувреме, како што кажата, рехабилитацијата на повредените ќе се одвива на одделението за хирургија во соба адаптирана за физикална медицина.

Говорејќи за повредите, таа информира дека во болницата се врши третман на лузни, додека рани не третираат.

„Знаете дека имавме едукација и обука од страна на медицснки тим од Велика Британија. Сите што ја поминаваме обуката ги следиме препораките на тимот . Третманот на лузните во првите шест месеци ќе оди преку компресивна облека, преку силиконските лепенки коишто се лепат на самите лузните. А по тие шест месеци настапуваат дерматолозите и евентуално постапки на хирурзите по пластична хирургија. Во моментот тоа што го правиме е третманот на лузните“, рече директорката на кочанската болница.

Повредените кои имаат рани, како што кажа таа третман добиваат во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“.

Можете да прочитате

Тошковски: Македонија не заслужува да биде држава ако немаме правда за Кочани

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ – прва пратка предадена во Кочани

Сиљановска-Давкова од Тирана: Интеграцијата на регионот е неодложен геополитички и безбедносен императив за ЕУ