Утрински Весник
Македонија

Трибина на АХВ и ЕФСА за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната

20250609151132 big 730x400 53.webp.webp

Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со поддршка и во соработка со Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) денеска во Скопје организира трибина за подигнување на јавната свест за безбедноста на храната.

Настанот е во рамки на активностите на АХВ за одбележување на 7 Јуни, Светскиот ден на безбедна храна, а ќе се обратат директорот на АХВ Оливер Миланов и Барбара Галани, раководител на Секторот за комуникација и партнерство од EFSA.


Претставници од Европската агенција ќе ги презентираат улогата и значењето на EFSA во системот за безбедност на храна во ЕУ и интеграцијата на земјите кориснички на ИПА. Претставници од АХВ ќе зборуваат за улогата и значењето на АХВ во однос на безбеднсота на хрнатата и храната за животни.

Предвидена е и панел дикскусија на која ќе се дискутира за нутритивните потреби и навиките во исхраната, како и за нутритивните и здравствените тврдења. 

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница