Утрински Весник
Македонија

АА: Со отвореното пазарење што го правите во очите на народот, придонесовте за зајакнување на Алијанса за Албанците

Aa.webp.webp

Соопштение на Алијанса за Албанците:

На денешната собраниска седница се очекува да се направи замена на владините позиции што ги напушти Алијансата за Албанците.


Имаме неколку јавни прашања:

Ги прашуваме Билал, Изет:
Дали паднаа во вода координираните соопштенија во доцните часови против Алијансата за комуникации со ДУИ, кога денес го правите минситер Азир Алиу, кој беше главен јазол на тие комуникации?

А Фетаи го прашуваме:
Најголемиот дел од позициите што ги напушти АА, тивко ги заземаат луѓето на Изет, значи во ВРЕДИ ти повеќе лобираше за луѓето на Изет?
И Фета, сме слушнале дека сакаат да ти ја земат функцијата за да намамат помала партија да се приклучи на владата, дали и тебе ќе те направиме амбасадор?

И на крај, го прашуваме принципиелното ВМРО-ДПМНЕ:

Каде отидоа „црвените линии” со ДУИ што постојано ги споменувате во јавните изјави, сега кога во владата доведувате луѓе кои беа мост за поврзување со ДУИ?

Како заклучок, длабоко ви благодариме што со отвореното пазарење што го правите во очите на народот, придонесовте за зајакнување на Алијансата за Албанците како никогаш досега, бидејќи народот секој ден сè појасно разбира зошто ве напуштивме и колку добро направивме!

Октомври е многу блиску, се гледаме тогаш!

Можете да прочитате

Во прилепската болница прва сложена операција на рака, втора во државава

Дува засилен северен ветер, а топлиот Африкански бран кај нас слабее!

СДСМ идната недела ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници