Утрински Весник
Македонија

Денеска решение за формирање комисија за надзор над случајот со детето од Кавадарци

Andovski.png

Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски утрово потврди за МИА, дека денеска ќе го потпише решението за формирање комисија за стручен надзор при МЗ, во врска со детето од Кавадарци кое почина пред неколку дена.

– Докторите се повикани за веднаш да почнат со работа, подвлече Андовски.


Во петокот, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат рекоа за МИА дека при инспекциските надзори, не се констатирани недостатоци од надлежност на ДСЗИ, во врска со починатото тригодишно дете.  

Притоа, појаснија дека биле извршени вонредни инспекциски надзори во три здравствени установи, со цел да се следи патот на лекување на детето. Извршени биле надзори во ПЗУ Ординација по општа медицина Целзус Нова во Кавадарци, во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци и во ЈЗУ УК за детски болести – Скопје.

Оттаму потсетија дека директорот на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци, формирал Комисија во состав од тројца доктори, за утврдување на материјална одговорност на здравствени работници кои учествувале во лекувањето на пациентот. Во тек било изготвување на извештај.

Претходно, родителите на детето во изјава за МИА, ги повикаа надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со овој случај.

Како што соопштија тогаш од полицијата, тригодишното дете било починато донесено на комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. 

Можете да прочитате

Димитриевски: Македонија мора да биде европска, но да не го изгуби својот идентитет

Со 50 евра во Македонија добивате исто што и со 100 евра во ЕУ

Истрели од „џип“ во Гостивар, осомничениот сам се предал неколку часа подоцна