Утрински Весник
Свет

Автомобил влета во деца во Германија, неколку повредени

Germany Police Polizei.jpg

Автомобил удрил во група деца кои посетувале основно училиште во Хирт во близина на Келн, при што едно дете е тешко повредено, а друго полесно, потврди портпаролот на полицијата во округот Рајн-Ерфт.

„Претпоставуваме дека станува збор за несреќа“, соопшти полицијата, пренесува „Билд“.


Според полицијата, нема индикации дека станува збор за намерен чин. Несреќата се случила околу 12:30 часот.

Областа околу улицата Фреченер е широко оградена и затворена. На местото на настанот е и хеликоптер на брза помош.

Исто така, не е познато дали има уште повредени.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди Чиле

Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе во Турција

Четири лица загинале, а 14 повредени во пожар во станбена зграда во Франција