Утрински Весник
Македонија

Арсовска: Град Скопје ја казни „Адријус“ за див приклучок, се чека на ОЈО и МВР

Img 0204.jpeg

Фирмата „Адријус“ од село Глумово, општина Сарај, е фатена на дело додека вршела бесправна градба и нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на булевар „Словенија“ во Скопје напиша на фејсбук градоначалничката Арсовска.

Инспекциските служби на Градот Скопје веднаш интервенираа и ја казнија фирмата со соодветни санкции, а случајот е пријавен и до надлежните институции – Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство. Се очекува тие да постапат согласно законот и поднесените пријави.


Иако оваа фирма лани имала пријавен обрт од 45 милиони евра, нејзината големина не смее да биде причина за избегнување на одговорност. Градот Скопје порачува дека ќе продолжи да гони и санкционира секој обид за уништување на јавната инфраструктура и заобиколување на законот – без разлика кој стои зад тоа.

Очекувањата сега се насочени кон ОЈО и МВР, од кои јавноста бара ефикасна реакција и одлучна борба против урбаното беззаконие.

Можете да прочитате

Перински: Со две раце потпишувам – идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам

Утре не очекува уште потопло време – температурата ќе достигне до 36 степени