
Сведоци сме на нов акт на институционална деградација. Апелациониот суд дал зелено светло за издавање времена патна исправа на обвинетиот Јахоски – човек кој треба да биде предмет на правна пресметка, а не да се шета низ границите на Балканот.
Овој срамен чекор е „оправдан“ со наводно позитивни мислења од двајца обвинители од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, како и од Вишото обвинителство. Наместо да бидат чувари на правото, овие судии и обвинители станаа соучесници на системот што го дораспаѓа правниот поредок.
Апелациониот суд, со уште понедостоен обид за перење раце, излезе со изјава дека „тие не издаваат патни исправи“. Да, можеби формално не ги издаваат, но без нивна согласност времената патна исправа не можела да се добиет. Тоа го знае секој просечен граѓанин.
Цинизмот на оваа изјава е навреда. Навреда за секој граѓанин што уште верува дека постои нешто наречено правда.
Ова не е само бестијалност – ова е правна проституција, институционализирана и длабоко вкоренета.
И сè додека не се воведе лична одговорност за судиите и обвинителите кои со своите одлуки го поткопуваат правниот систем, Македонија ќе тоне. Секој ден, сè подлабоко и подлабоко.
Фејсбук статус на Проф. д-р Јове Кекеновски