Утрински Весник
Економија

Димитриеска Кочоска: Почнаа разговорите меѓу министерствата за ребалансот на Буџетот

Gordana dimitrieska kocoska1.jpg

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска кажа дека Министерството за финансии од денеска почнува со преговорите со останатите министерства за ребалансот на буџетот.

„После овој прес ќе го имаме првиот состанок да кажеме во период којшто следи, сигурно десеттина дена ќе работиме на такви преговори со надлежните министерства, а потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Премногу е рано и не би можела сега да ви кажам детали околу тоа“, рече министерката.


Таа посочи дека утре имаат владина седница, но во среда и четврток, како Министерство ќе имаат прилично збиена агенда за преговорите и деталите околу ребалансот на буџетот.

Прашана за тоа дали ќе има намалување на царините на прехранбените производи, за да имаме пониски цени низ супер маркетите, министерката Димитриеска Кочоска изјави дека во моментов во над 60-те тарифни ознаки не се опфатени овие производи, но во делот што значи нула проценти царинска тарифа за САД се вклучени, иако увозот со САД на замрзнато месо не е голем.

„Таму имаме увоз пред се на замрзнато месо, иако се многу мали количините. Но, имаме увоз и доколку имаме поголем интерес, да кажеме има конкурентна способност која било од компаниите да увезува тоа и да продава по цени исти или пониски од оние што ги имаме на пазарот, тоа за нас е позитивно. Затоа што ние пред се како граѓани ќе добиеме пониски цени на прехранбените производи и да тоа секако е една од целите коишто сакаме да ги постигнеме“, изјави Димитриеска Кочоска.

Прашана за предлогот на партијата Левица за зголемување на минималната плата, министерката за финансии истакна дека како Министерство не се надлежни за минималната плата и не е во рамките на нивниот ресор. Тие се само мирен набљудувач во разговорите меѓу работодавачите и работниците.

Можете да прочитате

Божиновска: Законот за енергетика ќе значи бенефит за граѓаните и сигурност за инвеститорите

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Министерството за економија и труд почнува информативни денови за мерките за вработување – прв настан денес во Прилеп