Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски е фатен во криминал, тоа е дестабилизација

20250601132312 big 730x400 64.webp.webp

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Секогаш кога Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат фатени во криминал, одговорот е ист – зборуваат за „дестабилизација”.


Наместо конкретни одговори, наместо постапки, јавноста добива излитени фрази и сценарија за страв и хаос. Тоа е истиот рецепт на неговиот ментор Груевски “А војна да направиме” – кој се слушаше во „бомбите”, кога се обидуваа да прикријат криминал со криза.

Мицкоски зборува за дестабилизација, додека негови функционери и коалициски партнери се фатени во урбан мафијашки скандал со над 150 дивоградби во Чаир.

Прашањата се јасни:

Зошто Мицкоски не побара оставка од вице-премиерот Арбен Меџити, додека трае истрага за дивоградбите кои тој ги поставувал пред својот наследник?

Зошто Панче Тошковски одбива да отвори истрага против Меџити и Висар Ганиу?

Кој интерес стои зад заштитата на урбаната мафија од страна на ВМРО-ДПМНЕ?

Зошто Мицкоски молчи за 150 нелегални објекти и се заканува со „дестабилизација”?

Одговори нема. Наместо тоа, Мицкоски повторно се заканува со хаос – наместо да се соочи со реалноста и да расчисти со криминалот во сопствените редови.

Граѓаните веќе препознаваат: кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за „дестабилизација”, тоа значи едно – некој од нив повторно е фатен на дело.

СДСМ нема да дозволи заканите и сценаријата на Мицкоски да бидат параван за криминал и прикривање на одговорност.

Можете да прочитате

Данела Арсовска до Мухамед Елмази: Читање до 4 одделение се учи, ако не си разбрал првиот пат кога ти пишав, за жал нема да разбереш никогаш!

Соопштение на Бигорски манастир по повод големиот празник на Светата Педесетница

АРМ ќе реализира тактичко-технички активности во Охридското Езеро