Утрински Весник
Македонија

Во Кочани денеска нов „Марш за ангелите“

Kocani protest 1 1024x576 1.webp.webp

Денеска во Кочани ќе се одржи осмиот по ред „Марш за ангелите“ протест во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Граѓаните ќе се соберат во 16:05 часот во Паркот на револуцијата, а маршот ќе се движи по утврдена рута: од паркот, преку трговскиот центар, Општинската зграда и Полицијата, со завршна точка пред Судот и Јавното обвинителство.


Семејствата и пријателите на жртвите повторно ќе побараат целосна одговорност за трагичниот пожар во кој настрадаа 62 лица, а речиси 200 беа повредени, а многумина од нив се уште се елкуваат и имаат трајни последици.

Организаторите апелираат до сите што ја поддржуваат борбата за одговорност и правда да им се придружат. Посебен повик упатуваат до семејствата на повредените – да маршираат заедно, во знак на солидарност и поддршка.

Инаку, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски изјави дека истрагата е завршена, дека се собрани доказите и дека наскоро ќе ОЈО ќе излезе со конкретно обвинение

Можете да прочитате

Велковски: На граѓаните ќе им се овозможи да докупат до две години стаж за пензија

Маж од Кратово со нож прободел полицаец

Уапсени 18 возачи за „безобѕирно управување возило“, 17 возеле без возачка дозвола и еден под дејство на алкохол