Утрински Весник
Македонија

Отворање на нови простории на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства

Image 230163.png

СОС Детско село денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства со цел да се подигне свеста за важноста на згрижувањето и за поддршка на луѓето кои со љубов и посветеност се грижат за децата без родителска грижа.

„Покрај симболиката на признание за згрижувачките семејства, овој настан ќе биде одбележан и со свечено отворање на новите простории на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, како и специјализираното Одделение за психолошко советување и специјално образование со рехабилитација за деца со комплексни трауми, соопшти СОС Детско село.


Новите капацитети се дел од регионалниот проект „Надминување на системски празнини – Поддршка на реформите во системот за заштита на децата“, финансиран од Министерството за економска соработка и развој на Германија, во партнерство со германската организација HGFD.

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат претседателот на организацијата Александар Трајковски, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо.

Можете да прочитате

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Бленди Ходаи: За Кочани ќе нема правда зашто институциите се фокусираа на контаминација на гневот и револтот на граѓаните

Шукова со честитка за Илинден: Заедно да градиме нова иднина, да ги движиме и Скопје и Македонија напред!