Утрински Весник
Македонија

Официјално примопредавање: Трајко Славески ја презема функцијата Гувернер на Народна банка

Image 230149.jpg

Денес, во просториите на Народната банка, се одржа официјалната церемонија на примопредавање на функцијата гувернер, со што заврши мандатот на д-р Анита Ангеловска-Бежоска и започна мандатот на новоизбраниот гувернер, д-р Трајко Славески.

Во своето обраќање, д-р Ангеловска-Бежоска истакна дека изминатите години биле период на силни реформи, модернизација и одржување на макроекономската стабилност, дури и во време на сериозни светски предизвици. Таа изрази благодарност до вработените во Народната банка за нивната исклучителна посветеност, професионалност и за нивниот придонес во унапредувањето на институцијата, за што потврда се високите оценки од меѓународните финансиски институции. Исто така, таа му го честита мандатот на новиот гувернер и му посака успеси во остварувањето на законски дефинираните цели на Народната банка, како професионална, независна и кредибилна институција.


Д-р Трајко Славески, новоизбраниот гувернер на Народната банка, истакна: „Преземањето на функцијата гувернер ја носи со себе големата одговорност за водење на една од најважните институции во земјата. Ќе се залагам за натамошно зајакнување на стабилноста на макроекономското и финансиското опкружување, со политики коишто се темелат на професионалност, аналитичка аргументираност и транспарентност. Ќе работам посветено на јакнење на довербата на јавноста и на меѓународните партнери во Народната банка, градејќи визија којашто им одговара на предизвиците на современото време и на потребите на нашата економија.“

Можете да прочитате

Левица: Началникот од Демир Хисар бил суспендиран за рекет – Тошковски го наградил со унапредување 

ВМРО-ДПМНЕ: Година дена Јавниот обвинител Коцевски е штитот на криминалот и корупцијата на СДС

ВЛЕН: Бујар Османи да одговори каде завршија 120 милиони денари народни пари