Утрински Весник
Скопје

Арсовска: Апелирам, Јавното обвинителство да не биде политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Danela arsovska.jpg

“Јавното обвинителство и правосудната полиција за сторено кривично дело дознаваат со непосредно забележување, по ДОПРЕН ГЛАС или кривична пријава.

До сега пријави за дивоградби Јавното обвинителство има добиено писмено, по допрен глас, а редовно е пријавувано и во полиција.


Апелирам, Јавното обвинителство да се одважи за да не биде ставено во функција на политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Во Чаир има повеќе од 150 документирани, утврдени дивоградби кои се спротивно на закон ГРАДЕНИ СЕГА, А НЕ ВО 2011 ГОДИНА, без или со фалсификувани документи. Во овие објекти живеат илјадници граѓани чиј живот е во постојана опасност бидејќи тие објекти немаат соодветна документација, надзор, пресметана статика, хидрантски мрежи, итни излези, план за евакуација, паркинзи и пристап до објектите.

Апелирам ИТНО ДА СЕ ОБЕЗБЕДАТ ДОКАЗИТЕ ОД ОПШТИНА ЧАИР, бидејќи имаме информација дека за фалсификатите и дивоградбите таму активно се уништуваат докази”, напиша градоначалничката Данела Арсовска.

Можете да прочитате

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во Бутел

Општина Илинден потпиша договор за реализација на проект со бизнис секторот од стопански комплекс „Илинден“