Утрински Весник
Македонија

Девет концерти на врвни музички артисти и групи од осум земји на 24. издание на ОФФест 2025

20250529075344 big 730x400 19.webp.webp

На 24-то издание на ОфФест, кое што ќе се одржи од 5-ти до 8-ми јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар во Скопје ќе настапат врвни музички артисти и групи од осум различни земји .

ОфФест 2025 ја има најсилната програма во последните неколку години и нуди девет концерти на врвни музички артисти и групи од осум различни земји и една специјална филмска проекција. Широката музичка лепеза и разноликоста во жанрови, емоции и доживувања на скопската публика ќе ѝ приредат неповторливо искуство и ќе ја зацврстат позицијата на ОфФест како еден од најпознатите европски фестивали за музика на светот, наведуваат организаторите.


Меѓу учесниците се Драган и Ратко Даутовски и составот „Луфтанза“ од земјава, Кимо Похјонен од Финска, Vieux Farka Touré од Мали, Јулија Козакова Трио од Словачка,  Canzoniere Grecanico Salentino (CGS) од Италија, Марија Жоао од Португалија, Флоренс Адони од Гана, Мордаи од Унгарија.

Можете да прочитате

Власта се пофали дека реализирала 950 нови вработувања во здравството

Пожар во близина на Струга, тројца пожарникари завршиле во болница

СДСМ: Ало ДПМНЕ, 2015 година беше пред десет години, излитена ви е пропагандата за странски служби