Утрински Весник
Македонија

Пренџов: Владата останува посветена на стабилизација на државата

Prendzov.webp.webp

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата Топ Тема на Телма телевизија. Тој нагласи дека Македонија се движи кон поголема стабилност и благосостојба за граѓаните. Пренџов додаде дека Владата се фокусира на борба против криминалот и корупцијата и дека во последната година ја стабилизирала државата, додека за тоа ќе се изјаснат граѓаните на локалните избори. Тој исто така посочи дека се работи на зголемување на платите и на транспарентноста на Владата, која е видлива преку редовните пратенички прашања во Собранието.

,,Македонија се повеќе и повеќе е на граѓаните на оваа држава. Ќе започнам со Законот кој што го изгласавме со тоа што се покачи пензијата линеарно за 5000 денари. Исправивме една историска неправда“, вели Пренџов.


Пренџов потенцираше дека уште од почетокот, Владата се залага за решавање на проблемите како и со борба против криминалот и корупцијата. Според него, оваа власт ја стабилизира државата, а за тоа ќе се огласат и граѓаните на претстојните локални избори.

,,Сметам дека имаме одлична борба со корупцијата на улиците, одлична борба со корупцијата онаа висока корупција. Сметам дека Република Македонија и тоа како е стабилизирана држава и тоа како е изнесена од дното во кое што беше втурната изминатиов период. После една година од новото управувачко мнозинство во Собранието сметам дека сме на висина на задачата. Граѓаните се оние кои што одлучуваат дали тоа е така или не. Имаме за краток временски период локални избори, ќе се види што граѓаните сметаат како работиме до сега“ рече Пренџов.

Пренџов додаде дека активно се работи на зголемување на платите во Македонија, а ја потенцираше и транспарентноста на Владата која најмногу може да се види преку седниците за пратеничките прашања, и напомена дека во претходната власт тоа не беше случај.

,,Континуирано се покачуваат платите во оваа држава. За прв пат во Собранието, со новиот Деловник, пратенички прашања имате два пати во еден месец“, истакна Пренџов.

Според него, секој пратеник во Собранието има право да постави прашање, меѓутоа никој од опозицијата не поставил:  ,,Од СДСМ дојдоа поставија 0 пратенички прашања, од Левица никој немаше присутен. Ниту еден пратеник од опозицијата не беше присутен да постави прашање. Пред 5-6 дена имаше пратенички прашање, повторно немаше ниту едно прашање. Опозицијата не може да креира прашање“, заклучи Пренџов.

Можете да прочитате

Вечерва ѓубрето од Чаир заврши пред Град Скопје

Полноќен протест: Ганиу со граѓани собира ѓубре од Чаир и го носи пред Град Скопје

Орце, Коце или Златко? ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште без одлука за главниот град