Утрински Весник
Македонија

Азир Алиу е предлогот на ВРЕДИ за министер за здравство

Aliu.jpg

Првиот вицепремиер на Владата, Изет Меџити, пред состанокот на коалицијата Вреди истакна дека Арбен Фетаи ќе остане заменик-претседател на Владата за добро владеење, додека коалицијата за министер за здравство ќе го предложи Азир Алиу.

„Во раководството на Вреди е усвоено дека Арбен Фетаи останува заменик-претседател на Владата за добро владеење, додека за министер за здравство ќе биде предложен Азир Алиу, а за другите позиции ќе се одлучува во наредните денови“, изјави Изет Меџити.


За потсетување, по заминувањето на Алијансата за Албанците на Таравари од коалицијата Вреди, сопартијците на Арбен Таравари, како што се Фетаи и Азир Алиу, останаа дел од коалицијата Вреди.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Ахемти го пушта Груби низ вода?

Мицкоски на самитот „Конкордија” во Њујорк: Македонија останува на европскиот пат, ги браниме идентитетот и државните интереси

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции