Утрински Весник
Македонија

Фетаи разрешен од партиската функција во АА на Таравари

Arben fetai.jpg

Одлуките за расчистување со нелојалните кадри доаѓаат неколку дена откако дел од високите функционери на оваа партија се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата ВРЕДО.

За нов претседател на Собранието на Алијансста е избран Назим Таипи.


„Исклучивме и некои членови на Претседателството кои веќе јавно се изјаснуваат против Алијансата за Албанците.За Мимоза Муса одлуката не беше донесена, бидејќи не беше добро дефинирана пораката од неа, дали останува со Алијансата за Албанците, или останува со ВРЕДИ, немаме јасна порака“, рече Таравари.

Таравари го повтори ставот дека на Собранието била потврдено одлуката партијата да ја напушти Владата и самостојно да се натпреварува на локалните избори во октомври. Таравари вели дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со ВРЕДИ, па така набројс дека во Битола, во Кичево, во Брвеница, во Чашка, во Преспа и во Бутел ќе соработуваат и со ДУИ и со ВРЕДИ бидејќи само така можат да им помогнат на Албанците.

Таравари не исклучи во другите општини соработка со која било опозициска политичка партија.

Можете да прочитате

Тошковски ги демантира обвинувањата за тендерот: Постапката е според закон, со банкарски гаранции и лабораториски тестови

Таравари контра Фетаи: Неговата група брои помалку од 40 луѓе кои чувствуваат вознемиреност и вина

ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството се во времето на Филипче, дали тој стои зад скандалот со Онкологија?