Утрински Весник
Свет

Во нападот со нож во Хамбург 17 повредени, од кои четворица се во животна опасност

20250523194827 big 730x400 21.webp.webp

Седумнаесет лица се повредени, од кои четворица се во животна опасност, во синоќешниот напад во Хамбург кога 39-годшина Германка со нож се нафрлила врз луѓето кои чекале на главната железничка станица, јави ДПА.   

Жената напаѓач е уапсена, а при асењето не давала отпор. Полицијата верува дека таа дејствувала сама и не била политички мотивирана.


Од 2023 година ножевите се забранети на главната станица во Хамбург и во јавниот превоз во вториот најнаселен град во Германија.

Ова е последен од серијата напади на јавни места во Германија што се случија годинава, особено во пресрет на парламентарните избори во февруари.

Можете да прочитате

ЕК најавува мерки против Унгарија поради нацрт-законот за невладините организации

Четири земјотреси за еден час го стресоа Исланд

Падна социјалната мрежа Х, недостапна е за корисниците