Утрински Весник
Македонија

Честитка од претседателот на ДСВМ Никола Бабовски по повод 23-ти Мај Националниот ден на Власите

20250523075310 big 730x400 24.webp.webp

Денес го одбележуваме јубилејот 120 години од признавањето на Власите како посебен народ од страна на Отоманската Империја и го славиме Националниот ден на Власите 23-ти мај,  под исто знаме со сонцето кое не грее сите подеднакво, а кое ги обединува сите Власи. Посакувам во иднина нашиот ден да го прославувме со радост под европското знаме, заедно со сите европски народи.

Македонија е пример на Балканот и во Европа за тоа како треба да се негуваат различностите. Власите се најдобар пример за соживот, имаат дадено значаен придонес во историјата, културата и во општествениот живот, како и во изградбата на нашата заедничка татковина.


И денес, на овој голем ден за сите нас Власите, повторно покажуваме заедништво, сплотеност и космополитизам, впрочем како што доликува на еден народ со длабоки корени, со богата историја и традиција.

Ова треба да биде најголем аргумент за сите народи кои живеат на овие простори, зошто Македонија треба да биде дел од европското ѕвездено небо, кое што го посакуваме сите.

Нека ни е за многу години јубилејот, секогаш да го славиме во мир и разбирање, нека е вечен 23 мај, Националниот ден на Власите!  

Ti multsa anj Dzua 23 di mai, Dzua Natsionalâ a Armânjlor!

Демократски Сојуз на Власите од Македонија

Претседател,

м-р Никола Бабовски

Можете да прочитате

Министерот Шабан Салиу излегува од притвор – ќе се брани од слобода

Арсовска добивала закани по живот

По речиси 15 години се враќа А2 Телевизија