Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОАЛАРМ НАЈНОВА НАЈАВА: За викендот обилни дождови, голем пад на температурите, но и услови за нов снег на планините!

Meteoalarm.mk 41.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на циклонска активност со центар над Јонското море, за време на викендот (сабота  и недела 24/25 мај) во нашата Република Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат обилни и поројни и проследени со локална појава на грмежи и со повремено засилен ветер од северен правец, особено во недела (25 мај). Локално ќе има услови за појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер (над 60 км/час), електрични празнења и со услови за појава на град.


И во Скопје и околината за време на викендот ќе имаме пообилни врнежи од дожд, проследени со повремено засилен ветер од северен правец.

Инаку, за викендот, исто така од север ќе се спушта значително поладен воздух кој повторно значително ќе ги спушти температурите на воздухот, и тие ќе бидат значително потпросечни за овој период од годината. Поради падот на температурите на воздухот, на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) и особено во западните  и во северозападните предели, повторно ќе има услови за нови врнежи од снег.

Најнови информации токму околу оваа нова голема метеоролошка промена, очекувајте во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

Меџити по потпишувањето на договорот со Британија: Ова е историски ден за државата

Сиљановска-Давкова телефонски разговараше со Зеленски – му изрази поддршка за крај на војната

Скандал во Карпош: Концерти во дивоградба, опасност за посетители и изведувачи