Утрински Весник
Македонија

Партија на пензионери: Да се прошири можноста за работно ангажирање на студентите и пензионерите во сите приватни дејности

Penzioneri.jpg

Партијата на пензионери го поздрави донесувањето на Законот за работно ангажирање на лица, со кој ќе се регулира работното ангажирање на студентите и пензионерите во формалната економија на државата.

„Напоменуваме дека Партијата на пензионери во повеќе наврати досега предлагала овакво решение, со кое ќе биде регулиран работниот однос на лицата кои се пензионери и студенти“, се вели во соопштението до медиумите.


Од ПП велат дека со оглед на хроничниот недостаток на работна сила во скоро сите сегменти на македонската економија, како и самиот факт дека досега ваквото ангажирање се одвивало како дел од сивата економија, каде што сите инволвирани како работодавачите, пензионерите, студентите, но и самата држава беа губитници.

Донесувањето на вакво законско решение претставува голем исчекор напред во секој поглед за големата пензионерска популација но истовремено и за подобрување на повеќе од скромниот студентски стандард на сите студенти, како искрен влог на сите нас во нашата иднина т.е. младите.

Партијата на пензионери предлага во блиска иднина да се прошири можноста за работно ангажирање на студентите и пензионерите во сите приватни дејности.

Со ова законско решение, дефинитивно ќе има зголемување на јавните приходи по основ на даноци и платени придонеси, а истовремено ќе се придонесе и за сузбивање на неформалната сива економија, со што уште еднаш потенцираме дека ја има потполната поддршка од страна на Партијата на пензионери.

Можете да прочитате

Сали учествуваше на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда

Лапе: Прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид во земјава, овчарот од Старо Нагоричане ќе се товари вкупно за шест убиства

Приведен охриѓанец, на сила одзел телефон на женско лице, нападнал полициски службеници и во домот поседувал дрога