Утрински Весник
Скопје

ЈП „Комунална хигиена“: Висар Ганиу пласира лажни вести во обид да ја покрие неспособноста

20250521170206 big 730x400 79.webp.webp

Висар Ганиу кој како градоначалник на општината Чаир нема ништо реализирано за чаирчани, повторно пласира лажни вести во обид да си ја покрие неспособноста.

Вчера откако Ганиу беше фатен како со приватен камион прави депонии на булеварите по што што континуирано ја обвинува ЈП Комунална хигиена, за незаконското работење возилото ѓу беше конфискувано од страна на Министерството за внатрешни работи.


Ганиу лаже дека камионите на ЈП Комунална хигиена не го подигнале отпадот од контејнер, а крие дека по негова наредба за акција за фрлање кабаст и градежен отпад контејнерите ги преполнуваат со градежен шут што не е обврска на Комунална хигиена туку негова обврска.

Ганиу го предупредуваме дека градежен и кабаст отпад не смее да се одлага во контејнерите на Комунална хигиена и истото може да го прави со сопствени ресурси а не на местата определени за комунален отпад од домаќинствата. Да го посучиме Ганиу дека одлагањето несоодветен отпад во контејнерите е забрането согласно законските прописи за управување со отпад, а градежниот шут спаѓа во категорија на специјален отпад за кој е предвиден посебен начин на собирање и депонирање.

Уште еднаш јавно го прашуваме градоначалникот на Чаир Висар Ганиу каде го фрла ѓубрето што го собира? Бидејќи не го одлага во Дрисла, дали Ганиу со ѓубрето прави диви депонии со кои ги труе граѓаните на Скопје?

Директор на Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје 

Сабахадин Рустеми

Можете да прочитате

Без струја дел од корисниците во Аеродром и Студеничани

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци