Утрински Весник
Свет

ОН: Обновените достави на помош за Газа се капка во морето

Image 2025 05 20 083859630.png

Шефот на службата на ОН за хуманитарна помош, Том Флечер, синоќа предупреди дека ограничените испораки на помош, што неодамна беа дозволени да влезат во Појасот Газа, не се доволни.

Флечер потврди дека Израел вчера им дозволил на неколку камиони да влезат во палестинската енклава.


-Но, тоа е капка во морето од она што е итно потребно, изјави тој, нагласувајќи ја потребата од значително повеќе помош во Газа во следните денови.

-Нè уверија дека ќе помогнат во нашата работа преку постоечките и докажани механизми, изјави Флечер.

Според него, во моментов приоритетна задача е помошта да се достави до најпотребните. Тој предупреди дека пролонгираната блокада довела до голем недостиг и оти останува висок ризикот помошта да биде ограбена.

Според ОН, израелските власти дозволиле девет камиони да влезат во Газа, додека израелската агенција, одговорна за палестинските прашања, соопшти дека само пет камиони стигнале до целта.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра