Утрински Весник
Свет

Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија

Putin.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија верува оти резултатот од специјалната воена операција во Украина треба да биде долгорочен мир, со што ќе се обезбеди безбедноста на Русија и ќе се заштитат интересите на луѓето што зборуваат руски јазик во Украина.

Путин во интервју за руската државна телевизија изјави дека Русија има доволно сила да ја заврши војната во Украина со посакуваниот исход.


-Овој резултат ги елиминира причините што ја предизвикаа оваа криза, создава услови за долгорочен одржлив мир и обезбедува безбедност на руската држава, рече Путин, пренесоа руските медиуми.

Путин нагласи дека интересите на луѓето кои го зборуваат рускиот јазик во Украина и кои ја сметаат Русија за своја татковина мора да бидат заштитени.

Можете да прочитате

Сојузниците на Зеленски му дадоа силна поддршка пред разговорите со Трамп во Флорида

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван