Утрински Весник
Свет

Бомба експлодира во Клиника за репродуктивно здравје во Калифорнија, еден загинат, петмина повредени

20250518082443 big 730x400 76.webp.webp

Бомба експлодираше во Клиника за репродуктивно здравје во Палм Спрингс, Калифорнија, при што загина едно лице, изјави градоначалникот Рон ДеХарт, пренесоа британските медиуми.

Еј-Би-Си Њуз, повикувајќи се на полициски извори и од самата клиника, објави дека најмалку пет лица се повредени во експлозијата.


Градските власти на Палм Спрингс на Фејсбук објавија дека експлозијата се случила пред 11 часот наутро по локално време.

„Идентификувана е бомба што се наоѓала во автомобил или во негова близина“, рече ДеХарт.

ФБИ на Лос Анџелес објави на социјалните мрежи дека ја истражува експлозијата, а експерти за експлозиви се распоредени на местото на настанот.

Палм Спрингс се наоѓа околу 100 милји источно од Лос Анџелес.

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, е известен за експлозијата, соопшти неговата канцеларија.

Американските медиуми јавија дека клиниката за плодност на Американскиот репродуктивен центар е оштетена, но дека персоналот е безбеден.

Можете да прочитате

Трамп ќе одлучи дали да го нападне Иран во рок од две недели

Шведскиот Парламент поддржа задолжување до 26,8 милијарди евра за зајакнување на одбраната

Трошоците за Самитот на НАТО во Хаг ќе изнесуваат милион евра по минута