Утрински Весник
Македонија

Денеска започнува изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје

00000001 2041 660x500 1.webp.webp

Денес во ТИРЗ Скопје ќе биде означен почетокот на изградбата на фабриката на турската фирма „Шахтерм“ со поставување камен темелник. На официјалниот старт на градежните работи ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

Согласно склучениот договор помеѓу Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и „Шахтерм“, вредноста на инвестицијата изнесува 100 милиони евра. Планирана е изградба на објект со простор од преку 13,000 метри квадратни, како и креирање на 1000 нови работни позиции.


Инвестицијата ќе вклучува и центар за истражување и развој, а ќе претставува прв производствен погон на „Шахтерм“ надвор од турската територија.

Компанијата „Шахтерм“ поседува долгогодишно, повеќе од 4 децении, искуство во проектирање и изработка на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство.

Во моментов, „Шахтерм“ се наоѓа меѓу првите пет компании во овој сектор на глобално ниво, со повеќе од половина од годишната продукција наменета за пазарите во странство.

Листата на потрошувачи е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

Можете да прочитате

Големиот Медитерански влажен бран ни донесе над 40 литри дожд на м/2

Најнов политички бриф и наоди на БЦСДН: Сериозна ерозија на демократските стандарди во Западен Балкан и Турција: Бараме поодлучна акција од ЕУ

Почна изградбата на фабриката на „Шахтерм“ во ТИРЗ Скопје, првична инвестиција од 25 милиони евра и 200 работни места