Утрински Весник
Македонија

Организирање на регионални натпревари по прва помош за 2025 година 

Image 2025 05 16 084004118.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Црвениот крст на РСМ дава голем придонес во промовирање на првата помош во образовните институции каде уште ги едуцираме младите за важноста од правилно и навремено укажување на прва помош. За младите организираме  натпревари по прва помош со цел што повеќе да ја подигнеме нивната свест и да ги унапредиме нивните знаења од областа на прва помош.

Црвениот крст на РСМ  во месец мај организира 2 регионални натпревари по прва помош за првопласираните екипи од општинските натпревари по прва помош од средните училишта на територија на РСМ.   Овогодинешната тема на натпреварите по прва помош е „Прва помош во училишна средина“.


Оваа година домаќини на Регионалните натпревари се Општинската организација на Црвен крст Гевгелија и Општинската организација на Црвен крст Центар. Регионалниот натпревар за Регион 1 се одржи на 10 мај 2025 година на граскиот плоштад во Гевгелија, додека регионалниот натпревар за Регион 2 ќе се одржи на 17 мај 2025 во училишниот двор на ООУ “ Димитар Миладинов”, Центар -Скопје.

Овие натпревари не само што ги поддржуваат младите во развој на практични вештини, туку ја поттикнуваат и свеста за важноста за правилна и брза реакција при итни состојби.

Можете да прочитате

Младеновска: Нова бомба – Тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ

Предизвикал сообраќајна несреќа со друго возило, при што тешко бил повреден и еден пешак, приведен возач од Скопје

МетеоАларм најава: Следуваат силен ветер и продор на многу ладен воздух