Утрински Весник
Македонија

Скопје домаќин на CASSINI Хакатонот

20250515185038 big 730x400 88.webp.webp

Македонија од денеска до 18 мај прв пат ќе биде домаќин на еден од најпрестижните европски иновациски настани – CASSINI Hackathon што ќе се одржи во ИТ хабот Netaville во Скопје, под покровителство на Европската комисија и Агенцијата на ЕУ за вселенска програма (EUSPA).

Овој хакатон паралелно се одвива во 10 европски држави, а е посветен на темата „Вселената за здравството“. Учесниците ќе работат на иновативни решенија со користење сателитски податоци за подобрување на следење и реакција при болести и здравствени ризици, подобрување на итните медицински услуги и унапредување на менталното здравје и благосостојба.


-Настанот ќе ја обедини технолошката, здравствената, академската и стартап заедницата, со учество на студенти, експерти, претприемачи и ентузијасти и е поддржан од бројни национални и меѓународни организации, наведуваат од Netaville.

Можете да прочитате

Возач во ЈСП бил натепан затоа што не пуштил патник да се качи надвор од станица

Тело на исчезнат скопјанец извадено од водите на Вардар

Филипче прашува: Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода заради дата-центрите?