Утрински Весник
Македонија

Крешник Бектеши оди во куќен притвор

Bektesi Poseta Na Alma M 9 Bg.jpg

Крешник Бектеши од вчера е во куќен притвор.. Кочанскиот суд го прифатил предлогот на Јавното обвинителство за укинување на ефективниот притвор и замена со поблага мерка, па екс министерот е веќе во својот дом.. Информацијата заедно со фотографија е споделена и на фејсбук страницата која го носи негово име, а во објавата пишува дека секој изминат ден докажувал дека обвинувањата против него биле само магла за да погоди чесна јавна личност..

„Неговото ослободување не го брише фактот дека неправедно бил држен во затвор, во процес кој повеќе од правдата покажа како системот може да ја злоупотреби моќта за притисок“, се вели во објавата на Фејсбук.


Бектеши замина во куќен притвор по скоро два месеци од приведувањето за кочанската трагедија.. Осомничен е дека во неговиот мандат како министер за економија, дискотеката „Пулс“ добила лиценца за работа без проверка за исполнетост на условите за работа.. Заради исти сомневања, јавното обвинителството води истрагата и за двајцата претходници на Бектеши..

Со одлука на кочанскиот суд, во куќен притвор оди и државната секретарка во министерството за економија Јасна Чекиќ Дуровиќ.. За 18 лица пак јавното обвинителство бара продолжување на притворите.. Постапките за нив се во тек и одлуките дополнително ќе ги објавиме, велат од основниот суд во Кочани..

За пожарот во дискотеката досега се осомничени скоро 60 лица, а според јавното обвинителство, истрагата ќе заврши до средината на идниот месец кога ќе биде и познато колкумина ќе седнат на обвинителна клупа..

Под истрага се тројца поранешни министри за економија, тројца градоначалници, директори на пазарниот инспекторат, дирекцијата за заштита и спасување, полициски службеници, сопствениците на Пулс и фирмата за обезбедување.. Осомничени се за тешки дела против општата сигурност што се казнува со затвор од најмалку три години.

Можете да прочитате

Димитриеска Кочоска: По подолг период економијата закрепнува, при што во првиот квартал растот од 3% е еден од највисоките во Европа и регионот

ВМРО-ДПМНЕ: Вистината е дека Бујар Османи е политичар кој внесува поделби и омраза

Едно лице извршувало две неспоиви функции во Битола, платило глоба, но не се откажало од една од функциите