Утрински Весник
Македонија

Јанев: Со мојот тим создаваме услови секој полицаец да се чувствува почитуван и мотивиран

Naslovna 1.jpg

Задоволство и чест ми беше да бидам дел од денешниот марш организиран од СВР Струмица, кој се одржа на релација од с. Банско до водопадите кај с. Габрово и назад – вкупно 11 км. Овој настан беше можност за дружење со колегите кои секојдневно, со посветеност и пожртвуваност, ја обезбедуваат јавната безбедност во Струмица и регионот, напиша на Фејсбук директорот на БЈБ, Александар Јанев.

Маршот не беше само физичка активност, туку и силен симбол на заедништво, доверба и солидарност. Неформалните разговори со колегите ми потврдија дека во полицијата имаме не само исклучителни професионалци, туку и луѓе со срце, совест и чувство за одговорност. Нивната енергија и искреност ме мотивираат и потврдуваат дека полицијата има вистински херои, подготвени да дадат повеќе од потребното, истакна Јанев.


Цел моја и на мојот тим е да создадеме услови во кои секој припадник на полицијата ќе се чувствува почитуван, поддржан и мотивиран да продолжи да ја извршува својата работа со посветеност, етика и храброст, дециден е Јанев.

Благодарам на сите 250 колеги од СВР Струмица за денешното дружење, за нивната посветеност и за примерот што го даваат.Заедно, со искреност и меѓусебна почит, продолжуваме да градиме полиција која ќе ужива доверба и која ќе биде посилна и поефикасна во обезбедувањето на безбедноста на нашите граѓани, додава Јанев.

Можете да прочитате

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “Support Коcani“

ЛАДЕН БРАН СРЕДЕ МАЈ: Доаѓаат обилни дождови, ветер и снег!

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени