Утрински Весник
Македонија

Началникот на ГШ Лафчиски на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Брисел

20240917074417 big 730x400 48.webp.webp

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на конференцијата на Воениот комитет на Северноатлантската алијанса во формат на началници на генералштабови.

Воениот комитет, со кој ќе претседава адмирал Џузепе Каво Драгоне, ќе го отвори генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе ги изнесе клучните приоритети и предизвици со кои се соочува Алијансата, соопшти ГШ на Армијата.


На конференцијата, покрај претставниците од 32-те земји членки на НАТО, ќе присуствуваат и командантите на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа и Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација.

Конференцијата ќе се одвива во неколку сесии, а на дел од нив генералот Лафчиски ќе има обраќања.

Воениот комитет на НАТО претставува највисоко воено тело на Алијансата и е најстарото постојано тело на Алијансата по Северноатлантскиот совет. Ова тело заседава во различни формати, а највисокиот формат е на ниво на началници на генералштабови, кој вообичаено заседава три пати годишно, два пати во седиштето на НАТО и еднаш во земја членка на Алијансата.

Можете да прочитате

„Безбеден град“ детектирал 120.000 прекршоци за пет месеци

СДММ: Нема да молчиме, младите победуваат!

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител