Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Законот на СДСМ за Кочани е неприменлив и политички мотивиран, не е во интерес на граѓаните

Thumbnail 10 1170x658 1.jpg

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ го критикуваше предложениот закон на СДСМ за помош на семејствата од Кочани, оценувајќи го како популизам. Според него, Владата веќе обезбедила 30 милиони денари за лекување, транспорт и престој на двајца членови од семејствата, а дополнително доделила 700 илјади денари за секое семејство на починатите.

Петрушевски нагласи дека средствата биле собрани преку Црвениот крст и дека Владата веќе презела мерки за финансиска помош. Тој исто така изрази уверување дека Кочани ќе добие многу повеќе средства од Владата, вклучувајќи странски инвестиции кои ќе создадат нови работни места. Сепак, Петрушевски критички се однесуваше кон законот предложен од СДСМ, истакнувајќи дека тој има многу спорни моменти и не е применлив.


На крајот, Петрушевски го запраша Бочварски зошто не предложил ваков закон кога бил министер за транспорт и врски во 2021 година, кога се случија трагичните несреќи во Тетово и Ласкарци, каде загинаа многу луѓе. Тој заклучи дека оваа ситуација не треба да се политизира и дека не треба да се обидуваат да се добиваат политички поени од туѓата несреќа.

Можете да прочитате

Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин

Променливо облачно со повремен локален дожд

Kрис Павловски за премиерот Мицкоски: Одлична личност и домаќин кој прифаќа идеи