Утрински Весник
Македонија

Меџити до Таравари: Маските паднаа

Izet medziti.jpg

По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека неделава ќе одржи средба со владиниот партнер Арбен Таравари за да му се заблагодари за учеството во Владата и објавата на Таравари дека на премиерот ќе му објасни дека и тој станал жртва на некакви уверувања, се огласи и Изет Меџити од Вреди со порака дека конечно паднале маските.

Паднаа маските. Протагонистите од латино серијата јавно го признаа она што го кажав многу пати досега: дека цело време имале таен договор за соработка.“ Протагонистите на серијата наречена „Падот на владата“ не успеаја. Ниту бомбастичните говори, ниту жртвите, ниту сервилноста, ниту патриотизмот со тапани не помогнаа – напиша Меџити на Фејсбук.


Тој додава дека промената продолжува без лажни херои за еднократна употреба.

-Промената продолжува како доверба на 107.000 албански гласачи кои денес имаат целосно право да се чувствуваат предадени. Борбата против корупцијата нема алтернатива. Ќе има одговорност за нелегално богатење. Конечно: наместо бомбастични говори за наводна борба против корупцијата, предлагам опозицијата да ја докаже својата подготвеност за истрага со конкретни акции. „Прво, нека го предаде суперфункционерот на црната листа на истражните органи – напиша Изет Меџити.

Можете да прочитате

Нови казни за пешаци и возачи на тротинети: Објавени законски измени за безбедност во сообраќајот

Пресудата за модуларната болница во Тетово ќе се знае на 16. мај

Давкова со претставници на македонската дијаспора: Во процес е формирање на Совет за дијаспората како институционален облик на соработка