Утрински Весник
Македонија

Штип: Модуларната болница цел на сериозни саботажи

Img 8964.jpeg

Директорот на Клиничката болница во Штип, Влатко Захариев, денеска алармираше за сериозна безбедносна закана во модуларната болница во овој град. Преку објава на својот Фејсбук профил, Захариев сподели фотографии и информации дека непознати сторители намерно ја саботирале електричната инсталација, со што постоел реален ризик од предизвикување пожар.

„Во изминатиот период, модуларната болница неколкупати беше мета на намерни оштетувања. Делови од електричната инсталација се саботираат со цел да се предизвика краток спој и пожар. Ова не е обичен вандализам, туку директна закана за здравствениот персонал и безбедноста на објектот“, предупредува Захариев.


Тој посочи дека ваквите постапки сериозно ја попречуваат планираната реконструкција и унапредување на болницата, што има за цел создавање подобри услови за пациентите и медицинскиот кадар.

Според податоците, болницата во изминатата година дури десет пати пријавувала упади и кражби на делови и медицински инвентар од модуларната зграда.

Захариев апелира до надлежните институции за итна и решителна реакција за да се заштити објектот и здравствениот персонал од можни трагични последици.

Можете да прочитате

Здравствената состојба на Панчо се подобрува: Раните на телото ќе се залечат, ама лузните на душата ќе останат за навек

Муртезани во Брисел на средба со известувачот за Северна Македонија, Вајц 

Вчера направени 968 сообраќајни прекршоци, дури 636 за брзо возење