Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Максиме прочитан си, сега нема бегање од скандалот со златните парцели

448314775 789015946702594 802391780845283120 N.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Соопштение на СДСМ:

Луѓе фатени во корупција ниту може некого да прозиваат а уште помалку да се претставуваат како некаква морална алтернатива.


Максиме, нема бегање од вистината, сè излегува на виделина. Тоа досега требало да ти биде јасно.

Како што излезе и корупцискиот скандал со златни парцели поврзани со тебе и твојот кум.

Народот чека одговори и бара одговорност.  Погледни ги граѓаните во очи и кажи. Како се вртат 350.000 евра преку бизнис зделки во твојата општина?

Максиме, прочитан си до максимум. И од членовите на ЗНАМ и од граѓаните, затоа ти бега членството.

Откако СДСМ ја искористи за личен бенефит, ЗНАМ ја направи само да ти биде алатка за твоите бизнис интереси и лично богатење, параван за твоето слугување кон ВМРО ДПМНЕ. Тоа веќе сите го знаат.

Македонија ќе ја биде кога од политичката сцена ќе се искоренат полуписмени и криминализирани луѓе кои политиката ја користат само за да украдат нешто, макар и еден пар чизми.

Можете да прочитате

Претседателот на Уставниот суд најавува нова ера на транспарентност и судски активизам

СДСМ: Разотокривање: Во паника се прават грешки

Забрчанец: Кризи на максимум, промени на минимум, што навистина ќе се менува во 2026?