Утрински Весник
Свет

Путин предлага мировни преговори на 15 мај

Putin.webp.webp

Директни мировни преговори со Украина на 15 мај во Истанбул. Ова го предложи рускиот претседател Владимир Путин неколку часа по завршувањето на самопрогласената тридневна пауза во нападите врз Украина.

Путин порача дека Русија предлага директни преговори со Украина во Истанбул во четврток, 15 мај, во обид да се „отстранат корените на конфликтот“ и „да се постигне враќање на долгорочен, траен мир“.


„Нашиот предлог, како што велат, е на маса, одлуката сега е на украинските власти и нивните чувари, кои се чини дека се водат од свои лични политички амбиции, а не од интересите на својот народ.“

Големите европски сили во саботата поддржаа безусловно 30-дневно примирје во Украина, поддржано од американскиот претседател Доналд Трамп, и му се заканија на Путин со „масивни“ нови санкции ако не го прифати во рок од неколку дена.

„Ние сме посветени на сериозни преговори со Украина. Нивната цел е да се елиминираат корените на конфликтот, да се воспостави долгорочен, траен мир од историска перспектива“, рече Путин.

Можете да прочитате

Почина најсиромашниот претседател – светот се прости со Хосе Мухика

Саудиска компанија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција во САД

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене