Утрински Весник
Македонија

Меџити: Чиста животна средина е наш заеднички приоритет – „Генералка викенд” е пример за европски вредности во пракса

5.jpeg
Dik 300x250 mk

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, се приклучи на националната акција за чистење „Генералка викенд”, која оваа година започна со чистење на скопскиот Аквадукт – културно-историски споменик од особено значење за градот Скопје.

Акцијата, организирана од Men & Mountain, со поддршка на Министерството за животна средина и бројни институции, ангажира над 200 волонтери, а ќе опфати над 500 локации низ државата со учество на над 20.000 граѓани.


„На патот кон Европа, мора да се однесуваме европски. Животната средина и културното наследство бараат почит, грижа и континуирана заедничка акција. Ваквите иницијативи ја покажуваат силата на граѓанската одговорност и добрата соработка. Нашата поддршка како Министерство и Влада е безрезервна”, изјави Меџити.

На настанот присуствуваа и претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова, министерката за образование Весна Јаневска, претставници на ЗЕЛС, општините Кисела Вода и Чаир, Пивара Скопје, Црвениот Крст, амбасадори, јавни личности и многу волонтери.

Акцијата продолжува на 10 и 11 мај со масовно учество на институции, училишта, здруженија и поединци од целата држава, со цел подигање на јавната свест и создавање почиста, поздрава и поодржлива средина за сите.

Можете да прочитате

Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце

Беким Сали ќе биде прв вицепремиер на местото на Изет Меџити, за животна средина не се знае

Тешко повредено 12-годишно дете во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил