Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Со градинката Пролет поставивме нови стандарди за детска грижа во Центар 

Image 2025 05 09 100056111.png

09/05/2025 
10:04


Градоначалникот Горан Герасимовски потенцира дека е пресреќен што во еден мандат, во рок од три години е отпочнат и завршен проектот за изградба на новата градинка во населбата Пролет, што е редок пример во државата.

„Ако разгледате и направите увид и истражување во поголем дел од општините, ќе видите дека многу споро оди делот на реализација на ваков тип на проекти. Искрено сум среќен што успеавме за три години да го реализираме проектот и да ја направиме најубавата и најмодерната градинка не во Скопје, туку и на територија на цела држава. Градинката Пролет е гордоста на родителите, со оваа изградба поставивме нов стандард за детска грижа во Центар”, вели Герасимовски.


Градинката Пролет згрижува 173 дечиња во 9 занимални, на површина од 3.276 метри квадратни. Нејзината изградба почна во 2022 година во мандатот на градоначалникот Герасимовски и истата е целосно финансирана од Општина Центар во висина околу три милиони евра, без задолжување.

Можете да прочитате

Во недела ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Отстранете ги хаварисаните возила – потсетува општина Карпош

Во недела посебен сообраќаен режим во Скопје