Утрински Весник
Свет

Хеликоптер со верници се урна во Индија, шест лица загинаа

Helikopter 1.jpg
Dik 300x250 mk

Шест лица загинаа, додека едно лице е повредено откако хеликоптер се урна денеска во градот Утаркаши во Индија.

Според првичните извештаи, хеликоптерот со седум седишта се урнал во близина на Ганготри, објави Индија њуз.


Спасувачките операции се во тек, а службени лица и тимови за итна реакција се присутни на местото на несреќата, изјави комесарот на дивизијата Гарвал, Винај Шанкар Пандеј.

Хеликоптерот, кој бил во сопственост на компанијата „Аеро Транс“, се урна во близина на областа Наг Мандир, во близина на реката Багирати. Според првичните информации, хеликоптерот превезувал аџии на патувањето „Чар Дхам Јатра“.

Во тек е истрагата за урнувањето на хеликоптерот, соопштија официјални претставници.

Можете да прочитате

Над 80 милиони евра е вредноста на накитот украден од Лувр

Венс во Израел: Ако Хамас не се разоружа, ќе го уништиме

Француската морнарица запленила 2,4 тони кокаин