Утрински Весник
Економија

Промоција на тренинг центар за едукација на занаетчии

20250507164831 big 730x400 37.webp.webp

Денес, Занаетчиската комора на Република Северна Македонија во обновените простории на месната заедница во општина Гази Баба ќе го претстави тренинг центарот, посветен на обука на занаетчиите.

Според информациите од ЗКРСМ, тренинг центарот претставува стартна точка за зајакнување на занаетчискиот сектор, место каде што ќе се изведува практична обука наменета за млади луѓе и жени од локалната заедница.


На церемонијата ќе има обраќања од градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и претседателот на ЗКРСМ, Агрон Фазлији.

На промоцијата на тренинг центарот ќе присуствуваат и претставници од релевантните министерства и институции кои пружаат помош за унапредување на занаетчиството и образовните програми.

Можете да прочитате

Нивото на македонскиот јавен долг значително под просекот во ЕУ

Дурмиши ги предупреди трговците: Ако има енормно зголемување на цените, ќе има поригорозни мерки

Форум на добри компании, фокусот на решенијата поврзани со работната култура