Утрински Весник
Економија

Косово неоправдано задржува македонски камиони на границата, соопшти Стопанската комора

20250507102224 big 730x400 36.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за неоправданото задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територијата на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходни мерки и нормализирање на протокот.

„Според информации кои ги добиваме од домашните извозни компании, на косовската страна на границата се задржуваат камиони од РС Македонија, без соодветно образложение, предизвикувајќи економски штети и нарушување на трговската размена. Бидејќи се работи за прехранбени производи, кои мора да бидат во согласност со здравствените и безбедносни стандарди, протокот треба да биде без застој за да не се наруши континуитетот на домашните извозници, што може да предизвика и финансиски импликации“, соопшти Стопанската комора.


За таа цел, велат од таму, денеска ќе се реализра средба на претседателот на Стопанката Комора, Бранко Азески, со претседателот на косовската комора, Лулзим Рафуна, со цел да се најде решение и да се одблокира застојот, како би можеле камионите со македонски производи да бидат пласирани на крајната дестинација, во насока на поддршка на извозот како врвен приоритет за македонската економија.

„Стопанската комора ги презема сите потребни мерки, ги информираше релевантните институции и укажа дека вакви ситуцаии предизвикуваат сериозни економски штети на македонските извозници и транспортните компании, се создаваат неоправдани бариери во трговската размена со партнер со кој имаме добри односи и суфицит во трговската размена, нарушувајќи ги притоа регионалните трговски договори и стандардите за слободно движење на стоки“, велат од Комората.

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Еврообврзницата ќе се издаде во првиот квартал од 2026 година во два дела со различна рочност

Македонија доби 13,56 милиони евра грант за модернизација на Коридорот 10

РКЕ најави поскапување на горивата од 30 декември