Утрински Весник
Македонија

Осомничената антикорупционерка отфрлила и пријави за случајот „Адитив“

Tatjana Dimitrovska.jpg

Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и осомничена во случајот „Адитив“ за одавање службени тајни, отфрлила и пријави поврзани со истиот случај, дознава Телма.

MK Summit

Додека, според Основното јавно обвинителство, одавала информации на осомничениот во „Адитив“, поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, претседателката на ДКСК отфрлила пријава поврзана со тендерот за набавка на адитив – предмет кој подоцна станал основа за отворање на случајот.


Според Телма, ДКСК првата пријава ја добила во јануари 2024 година, а ја отфрлила во јуни.

Неколку месеци по првата отфрлена пријава потпишана од Татјана Димитровска, ДКСК примила уште една – повторно за истиот тендер за набавка на адитив.

Одлуката да не се постапува по втората пријава била донесена во декември, објави Телма.

Можете да прочитате

Во Амбасадата на САД во Скопје одбележани 250 години од американската независност

Зулфикар Зејнулах предложен за министер од ТДП 

Возач од Тетово уапсен: Возел 177 км/ч на делница со ограничување од 80 км/ч