Утрински Весник
Свет
Img 7972

Експлозии во Порт Судан, дрон погоди хотел во близина на претседателската палата

20250506080625 big 730x400 32.webp.webp
Dik 300x250 mk

Неколку експлозии и пожари се случија утрово во градот Порт Судан, откако дрон го погодил хотелот Марина, недалеку од привремената претседателска палата.

Како што јавуваат агенциите, овие напади претставуваат остра ескалација на конфликтот, бидејќи овој крајбрежен град на Црвеното Море, кој стана хуманитарен, транзитен и дипломатски центар, како и седиште на влада поврзана со војската, досега не бил цел на копнени или воздушни напади.


Во неделата, воена база во близина на аеродромот, единствениот меѓународен аеродром во Судан кој сè уште функционира, беше погодена од беспилотни летала, а во понеделникот беа нападнати и резервоари за гориво во градот.

Можете да прочитате

Tанкер погоден со проектил кај брегот на Јемен

Граничниот премин Рафах меѓу Газа и Египет ќе се отвари во понеделник

Десетици илјади евакуирани на Филипините поради приближувањето на ураганот „Феншен“