Утрински Весник
Македонија

Шукова: Цените постојано растат, а нашите граѓани имаат најниски плати во регионот

Kaja sdsm1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Индексот на трошоци на живот од први до трети месец е пораснат од 2,7 до 5%, цените на мало пораснале во истиот период за 2,2 до 5,2%, а  нашите граѓани се со најниски плати во регионот. Платите мора да се зголемат за да се заштити стандардот на граѓаните. Дури и Светска банка, која не се занимава со реторика и популизам, туку со економска логика, ги намали проекциите и вели 2,6% ќе биде растот на БДП во 2025 година, истакна пратеничката на СДСМ Каја Шукова во дебатната емисија „Анализа” на телевизија 24.

Шукова додаде дека ниту макроекономските показатели не се добри, растот на индустриското производството од септември до декември е негативно, само во јануари имало раст од 1.4%, а во февруари повторно пад од 0,8%.


Во најголемите 2 кризи – енергетската и ковид кризата владата предводена од СДСМ, додели 2,6 милијарди евра неповратни средства на компании, правни и на физички лица, и тогаш многу од компаниите, особено погоедени од економсата криза, не затворија само заради таа доделена помош. Сега нема криза а економијата е во пад, рече Шукова.

Повратот на ДДВ доцни, зголемувањето на пензиите го зголеми долгот на пензискиот фонд, а цените на храната се покачуваат откако завршија мерките, нагласи пратеничката на СДСМ Каја Шукова во дебатната емисија „Анализа” на телевизија 24.

Во врска со средствата од унгарскиот кредит за општините, Шукова додаде дека се уште не се рефлектираат во агрегатните податоци, бидејќи се потрошени само 8% од 77 милиони евра што покажува слаба реализација и неефикасност.

Можете да прочитате

ЛДП: Измените на Кривичниот законик се само уште едно „крпење” на правниот систем

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM се исплашени зошто се дозна дека лажат за мигранти, Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не е неуставна

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината