
Интензивно се гради сервисна улица 5 во село Таринци. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов при посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски истакна дека овој проект се реализира со средства од унгарскиот кредит во висина од над 9,2 милиона денара, остатокот е кофинансирање од Општината.

– Во тек се активностите за асфалтирање на сервисна улица 5, тоа е улицата од проектот кој што Општина Карбинци го аплицираше во рамиките на повикот од страна на Владата, во оној прв дел со вкупна вредност од 12 милиони и 300 000 денари во кој што општината овде кофанинасира некаде три милиони и 100 000 денари, а остатокот, односно поголемиот дел од 9 милиони 250 000 денари е обезбеден од страна на Владата, преку поддршката од унгарскиот кредит во оној прв дел. Се работи за сервисна улица 5 дел од главната улица во најголемото населено место во Општина Карбинци тоа е селото Таринци, каде што е со должина од 400 метри должни и ширина од девет и пол метри, изјави Паунов.
Посочи дека практично станува збор за едно булеварско решение во најурбаното населено место, со целосна тротоарска површини и одводна т.е атмосферска канализација. Проектот е на барање на жителите од селото.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Мицкоски при посетата на општините Штип и Карбинци истакна дека сите институции се вклучени во реализација на ваквите проекти, но и во давање на помош на локалните власти.
-Голема благодарност и до пратениците во македонското Собрание кои што навистина со својата работа исто така инспирираат, работат, се борат за своите општини, за проект повеќе и убеден сум дека една ваква хармонија на локално, на централно ниво и во рамките на Парламентот со огромното мнозинство коешто го има оваа Влада, ќе продолжи и во иднина и ќе испорачаме за доброто на сите граѓани, за подобар живот, вели Мицкоски.
Премиерот Мицкоски додаде дека, впрочем, тоа е и нивна цел, а какошто рече речиси една година од изборите Македонија да биде повторно на граѓаните.