
Од денеска 5. мај, популарната апликација за комуникација „Скајп“ официјално прекинува со работа. Таа беше првата апликација за комуникација преку звук и видео. Легендарната програма нема повеќе да биде поддржувана од „Мајкрософт“.

„Скајп“ е основан во 2003 година од Никлас Зенструм и Јанус Фрис во Естонија. Програмата донесе револуција во интернет комуникацијата, нудејќи бесплатни повици меѓу компјутери и прифатлици цени за повици кон фиксни и мобилни телефони.
Со текот на годините, „Скајп“ евоулираше и вклучи видео повици, инстант пораки, споделување датотеки и функции за групна комуникација.
До 2005 година бројот на корисници достигна 50 милиони луѓе. Онлајн аукциската страница „eBay” во 2005 одина го купи Скајп за 2,6 милијарди долари, но никогаш не ги даде очекуваните резултати.
Потоа го продадоа својот мнозински удел на инвеститори, кои подоцна го продадоа на „Мајкрософт“.