Утрински Весник
Македонија

Филипче: Приоритет на СДСМ е да номинира личности кои уживаат висок углед во своите заедници, имаат реална поддршка и поседуваат капацитет да ја остварат програмата

D R Filipche Tribina Prilep 8 Scaled.jpeg
Dik 300x250 mk

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) веќе активно работи на изборот на најдобрите кандидати за претстојните локални избори низ целата земја. Ова денеска го потврди претседателот на партијата, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање.

MK Summit

Филипче истакна дека главен приоритет на СДСМ за овие локални избори е да номинира личности кои уживаат висок углед во своите заедници, имаат реална поддршка од граѓаните и поседуваат капацитет успешно да ги реализираат партиските програми.


„Да ги промовираме најдобрите кандидати од сите општини – луѓе од самите средини, кои имаат најголема поддршка и кредибилитет. Луѓе кои можат да ги испорачаат програмите и вредносно и политички. Дел од кандидатите веќе се познати, тоа се дел од актуелните градоначалници. Имињата ќе ги соопштиме во текот на следната недела“, рече Филипче.

Тој очекува целиот процес да биде готов до крајот на јуни, а исто така информираше дека веќе се водат и разговори и за пробаоѓање на коалициски партнери за претстојните локални избори.

„Веќе го започнавме процесот на разговори и пронаоѓање партнери за следниот период, за циклусот на локалните избори. Еден дел од преговорите постепено веќе се заокружуваат, други се во тек, а трети допрва ќе започнат“, додаде Филипче.

Можете да прочитате

ЈКП ШАР со важно соопштение: Прекин на водата во Тетово до 21 часот, има навлезено вода од врнежите

Откриен идентитетот на избоденото момче и напаѓачот од Ташмаруништа – ова е обид за убиство, операцијата траеше 9 часа, вели неговиот брат

Скопјанец ограбил две компании за брзи кредити, па го фрлил оружјето од Камени мост и побегнал во Хрватска