Утрински Весник
Македонија

Исплатени 49.658.739 денари кон 761 оризопроизводител

Screenshot 2025 05 03 162206.png

Денеска се изврши исплата на директни плаќања за предадена оризова арпа на регистрирани откупувачи и/или преработувачи, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Исплатени се 49.658.739,00 денари кон 761 корисник.


Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање по подмерка 1.1. „Директни плаќања по обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, кои имаат засеани и ожнеани површини со ориз и оствареното производство го имаат предадено на регистрирани откупувачи и/или преработувачи во период од 1 октомври 2024 година до 28 февруари 2025 година, кои се запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Максималната количина на оризова арпа која е прифатлива за финансиската поддршка е 8.000 килограми по пријавен хектар со оризова арпа по подмерка 1.1. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.

Можете да прочитате

Oд утре „Книга во секој дом“ со „Матица македонска“

Сведоштво на Чаков за зачување на коските на Гоце: По три години го откопавме черепот, во 1908 и градниот кош, до 1915-та ги чуваше дедо Никола

Реконструкција на загинувањето на Гоце Делчев: Последниот пат од Солун до Баница