Утрински Весник
Свет

Вонредна состојба во рускиот град Новоросијск по украински напад

20250503121027 big 730x400 70.webp.webp

Градоначалникот на рускиот пристанишен град Новоросијск прогласи вонредна состојба денеска откако во украински напад со беспилотно летало оштетени се станбени згради и повредени најмалку пет лица, меѓу кои и две деца. Градоначалникот Андреј Кравченко ја објави одлуката на својот официјален профил на Телеграм, на кој е прикажано видео од него како врши увид во штетите на станбените згради и им дава наредби на службените лица.

Кравченко рече дека една од повредените лица, жена, е во тешка состојба во болница.


Засега нема коментар од Украина, чии воздухопловни сили соопштија дека Русија ја нападнала Украина преку ноќ со 183 беспилотни летала и две балистички ракети.

Четириесет и седум цивили се повредени во напад на руски беспилотни летала врз Харков на североистокот на Украина, соопшти синоќа локалната полиција.

Можете да прочитате

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција