Утрински Весник
Свет

Камала Харис ги повикува Американците да му се спротивстават на Трамп 

20250501095556 big 730x400 91.webp.webp

Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, вчера ги повика Американците да се обединат против претседателот Доналд Трамп за време на, како што ја нарече, „најголемата економска криза предизвикана од човекот во модерната претседателска историја“. 

Харис изјавата ја даде во својот најголем говор откако ја напушти функцијата, што претставува еден вид политичко враќање за демократскиот претседателски кандидат откако Трамп ја победи на изборите минатата година. Таа се смета за силен кандидат за гувернер на државата Калифорнија следната година ако одлучи да влезе во трката и би можела повторно да се кандидира за претседател. 


Коментирајќи ги првите 100 дена на Трамп на функцијата, Харис рече дека царините, кои се централен дел од економската политика на Трамп, „очигледно повикуваат на рецесија“. 

Таа оцени дека политиките на Трамп ги фаворизира богатите и ја опиша неговата „тесна, себична визија“, во која тие „ги казнуваат оние што ја кажуваат вистината, ги фаворизираат лојалистите, ја монетизираат својата моќ и им дозволуваат на сите други да се грижат сами за себе“. 

Харис гаворот го оддржа во нејзиниот роден град, областа на заливот Сан Франциско, на настан организиран од организацијата „Emerge America“. Организацијата се залага за избор на жени од Демократската партија на јавни позиции и ја започна својата работа по првата кандидатура на Харис во Сан Франциско. 

Во бурниот почеток на неговиот втор мандат, Трамп потпиша 142 извршни наредби, повеќе од кој било друг претседател, покажува „American Presidency Project“, на Универзитетот во Калифорнија. Крајот на првиот квартал, исто така, претставуваше први намалување на американската економија во последните три години. 

Трамп го обвини поранешниот претседател Џо Бајден за слабиот БДП. Поддршката за Трамп падна на 42 проценти, при што 36 проценти од Американците го одобруваат неговото управување со економијата, покажа еодамнешната анкета на Ројтерс/Ипсос. Истата анкета, исто така, покажа дека демократите (71 процент) имаат помала доверба во своето лидерство отколку републиканците (83 проценти). 

Харис повика на отворено спротивставување, повикувајќи ги своите сојузници да проговорат и пофалувајќи ги сенаторите Кори Букер, Берни Сандерс и активистите за „моралната чистота“ и храброста. 

Таа предупреди на уставна криза што се заканува доколку Конгресот или судството „не успеат во својата улога“.

Можете да прочитате

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Директорот од СЗО: Ги скршивме телата и умовите на децата во Газа, како доктор, бесен сум

Турската полиција на нозе: Приведени се 384 лица по судирите на протестите